Вељаноски: 8 мај е единствениот датум кога можеме заедно да имаме претседателски и парламентарни избори
Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, во неговата изјава потсетува дека единствениот датум кога ќе може да се одржи вториот круг од редовните претседателски избори заедно со редовните парламентарни избори и дека тој термин не е на празникот Велигден е 8 мај 2024 година.
Кога веќе сите се помирија со фактот дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, мислам дека не треба да се погреши и веднаш да се избере 8 мај 2024 година како најпогоден рок. Тоа е најдобрата можност да се намали ризикот од неуспешни претседателски избори, што би било вовед во политичка криза – вели Вељаноски.