– Компанијата за видеоигри, „Активижн“ (Activision) досега веќе користи повеќе видови борба против играчите-измамници во игрите „Call of Duty“… Најновата мерка на програмерите засега се однесува на „Modern Warfare II“ и „Warzone II“ и на играчите кои користат забранети алатки како „Wallhack“ за да дојдат до дополнителни информации и да добијат нефер предност пред другите играчи.
За системите на „Активижн“ да откријат измамник или „сомнителен гејмер“, сега ќе се користи и тн. „халуцинација“ којашто нема да влијае на чесните играчи бидејќи е направена да ги дезориентира само измамниците. Секоја „халуцинација“ ќе биде лажен играч – „имитација“ со цел да го намами измамникот во стапица, па така да го разоткрие.
Измамниците нема да можат да прават разлика меѓу „халуцинацијата“ и вистински играч – „халуцинациите“ ќе ги имаат истите видови скриени податоци што измамниците ги добиваат за легитимните играчи преку недозволените алатки. Тие тн. „халуцинации“, ќе бидат „сместени“ близу сомнителните играчи кои можеби мамат. Тој што ќе падне во стапицата, натаму е цел на безбедносниот систем.
Анти-хакерскиот тим „Рикошет“ го прекина методот „Квиксенд“ (Quicksand) – мерка што го забавуваше, т.е. замрзнуваше измамникот, преземајќи ја така контролата. Сепак, според наводите, можна е надградена верзија на „Квиксенд“.