Видеото на 16-годишниот спринтер го обиколи светот: Чудесниот Суданец истрча 100 метри за 10,2 секунди, како брз воз ги помина своите врсници
Во Австралија се појави ново чудо на светската атлетика, а се работи за момче со суданско потекло, Гоуту Гоуту, кој 100 метри истрча за само 10,2 секунди.
Тој (16) е роден во Австралија од родители Суданци, а пред неколку дена направи чудо на првенството во атлетика во Квинсленд.
Овој голем талент на светската атлетика ги истрча првите 40 метри во линија со своите ривали, но потоа „префрли“ во поголема брзина и ги остави другите момчиња далеку зад себе.
Резултатот што го постигна е 10,2 секунди, што е импресивно дури и за сениорско ниво. Да потсетиме, на неодамна завршените Олимписки игри во Париз шампионот на 100 метри Ноа Лајлс делницата ја истрча за 9,79.
Дека се работи за неверојатен атлетски потенцијал говори и фактот што ова не е првпат Гоуту Гоуту да ги освојува насловите на светските медиуми. Истото го направи и минатата година, кога имаше само 15 години, на 200 метри.
Тој постави австралиски рекорд минатата година бидејќи трчаше на 200 метри со време од 20,87, само 0,3 помалку од времето на Јусеин Болт на истата возраст.
Read about a 16-year-old Sudanese kid in Australia who ran 100m in 10.2 seconds this year. Found the footage— freakin ridiculous. pic.twitter.com/Bz8tYuPkeK
— Del Walker 🇵🇸 (@TheCartelDel) August 23, 2024