Видеото од бабата на концертот на Александра Пријовиќ го обиколи регионот! Ваква ,,луда” бабичка немате видено – погледнете ја како игра (видео)
Александра Пријовиќ го одржа вториот од петте концерти во Загреб и уште еднаш ја воодушеви публиката со својот настап и емоции.
Хрватите со нетрпение чекаа уште еден спектакл, а на самиот почеток пристигна народ од целиот регион.
Александра се обиде да ги задржи емоциите и да не плаче како секој пат досега, но не успеа, па сите плачеа и пееја заедно со неа.
Со оглед на тоа што Пријовиќка е од младата генерација пејачи, речиси мнозинството очекуваше дека младите ќе бидат во првите редови, но една жена докажа дека не постојат правила.
На интернет кружи видео од една баба која се забавува и пее на песните на Прија како да има 20 години.
Бабата уживаше со младите и пееше од првите до последните зборови на песната на Прија, а судејќи по видеото, уживаше во концертот на српската пејачка.