Видеото од новата и поранешната сопруга на Кање Вест ги остави луѓето во неверување: „Што прават тие две заедно“ и сега на сите им е јасно

Ким Кардашијан и Бјанка Сенсори во вторникот вечерта застанаа една до друга за да го промовираат албумот на Кање Вест „Vultures“.

Ким Кардашијан , поранешната сопруга и Бјанка Сенсори , сегашната сопруга на контроверзниот рапер ги шокираа фановите кога првпат беа видени заедно, а се чини дека поранешната сопруга и сегашната сопруга немаат апсолутно ништо една против друга.

На видеото кое почна да кружи на социјалните мрежи, Бјанка може да се види како го снима настапот во розово додека 43-годишната ријалити ѕвезда стои до неа.

Обожавателите не можеа да поверуваат дека бившата и сегашната се дружат, па коментарите го преплавија видеото.

„За што имаат тие две да разговараат, сакам да знам?“, „Не знам, чудно е ова“, „Што по ѓаволите? – се само дел од коментарите.

Странските медиуми веќе зборувале дека Ким има пријателска врска со Бјанка, но наводно не и се допаѓа нејзиното голо парадирање пред децата кои ги има со Вест.