ВИДЕОТО ОД ОВАА УБАВИЦА ГО ВИДОА ПОВЕЌЕ ОД 2.000.000 ЛУЃЕ НА ЈУТЈУБ: ЗА ГЕРМАНСКАТА АТЛЕТИЧАРКА СЕ ВРТАТ И ВОЗДИВНУВААТ (ВИДЕО)

Пред неколку години австралискиот магазин „Busted Coverage“ ја прогласи германската тркачка Алиса Шмит за најсекси спортистка на светот.

Алис Шмит

Алиса Шмит нема многу достигнувања во спортот, ниту пак големи успеси. Таа освои сребро во штафетата 4 x 400 на Европското првенство за млади, како и бронза на сениорското ЕП, исто така во штафетата.

Но, нејзините скромни резултати не ја спречуваат нејзината популарност.

На пример, видеото од една од трките на 400 метри на Алиса на Германското првенство собра повеќе од 2.000.000 прегледи на YouTube. Иако таа заврши втора.

Истото е и со Инстаграм . На таа социјална мрежа убавата Германка ја следат повеќе од 3.500.000 луѓе, што е за 1,5 милиони повеќе од пред две години.

Денес Алиса има 24 години и е една од најпопуларните спортистки во светот. Магазинот „Форбс“ ја вброи меѓу 30-те највлијателни личности помлади од 30 години во светот.

Алиса Шмит одлично заработува снимајќи реклами, таа со години е заштитено лице на познатите германски брендови „Пума“ и „Хуго Бос“.

Инаку, обожава фудбал, голем фан е на Борусија Дортмунд.

Таа дури еднаш беше вклучена во кампањата на фудбалскиот клуб, со тогашниот капитен Матс Хумелс .