Видеото кое собра над 26 милиони прегледи на YouTube докажува зошто Јапонија живее во 2050 година.
Во видеото се прикажани некои од интересните и неопходни изуми кои би ни биле потребни и за секојдневниот живот.
Еден од нив е машината за микрофибер која го суши вашиот чадор од влага, за да не го намокрите подот.
Друг интересен изум е тоа што јогуртите се спакувани со хартија која не дозволува производот да се залепи на неа, за да не оди на отпад количината на јогурт.
Исто така, сендвичите со хот-дог во Јапонија доаѓаат со мала кутија која содржи кечап и мајонез.
Ова се само дел од малите изуми кои докажуваат дека оваа земја навистина е пред своето време.