ВИДЕО | АЛБАНЕЦ УБИЕН ВО ГРЦИЈА – Драма во близина на Солун: Полицијата го пронашла телото со пет прострелни рани
Маж со албанско потекло е убиен во четвртокот нешто по полноќ во предградие на Солун односно во областа Сачекуса.
Според грчките медиуми, убијците му направиле заседа на Албанецот (35 г.), чие име официјално не се соопштува, во близина на станбената зграда во која живеел. Според информациите, мажот пред нешто пред 1 часот по полноќ го паркирал својот автомобил и се упатил кон влезот, но напаѓачите отвориле оган и го погодиле со пет истрели.
Пукањето го пријавил случаен минувач, по што полицијата пронашла крвав маж како лежи на тротоарот.
Албанецот веднаш бил пренесен во болница, но и покрај напорите на докторите тој починал. На местото на убиството, наводно, полицијата пронашла повеќе чаури.
Албанските медиуми објавија фотографија од убиениот кој наводно имал прекар – „Заку“. Наводно и претходно и бил познат на полицијата. Албанските медиуми наведуваат дека тој бил вмешан во фалсификат, а претходно, според неофицијални информации, издржувал затворска казна за убиство од небрежност.
Извори од истрагата наведуваат дека најверојатно се работи за пресметка на две групи насилници кои „продаваат заштита“ (обезбедување) во ноќните клубови во градот.
За потсетување, Орхан Бајрами – Оки (39 г.), од Македонија со албанско потекло, беше убиен во средината на месецот на Халкидики. Камерите на луксузната вила во Ханиоти ги снимиле убијците како пукаат 19 куршуми кон Орхан Бајрами – Оки додека седел на терасата.