(ВИДЕО) Анастасија и Гудељ пристигнаа во Белград! Први сцени од ќерката на Цеца по свадбата со Немања

Гудељ, во Белград престојуваше неколку дена, а камерите на една телевизиска куќа внимателно го следеа.

На големо се шпекулираше што правела Анастасија Ражнатовиќ по тајната венчавка во близина на Белград.

Имено, новопечената госпоѓа Гудељ неодамна престојуваше во својата вила на Дедиње, а српаките медиуми внимателно ја следеа неколку дена.

Убавата ќерка на Цеца беше во опуштени изданија, без трошка шминка додека ги завршуваше секојдневните обврски низ главниот град на Србија а беше и фотографирана со нејзината снаа, сопругата на Вељко, Богдана.

Исто така, како и неговата сакана, Гудељ остана во Белград бидејќи имаше обврски околу репрезентацијата, а потоа се врати во Севиља, додека Анастасија остана со семејството.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ се венчаа на крајот на јули во манастирот Ражиновац во близина на Белград, а на церемонијата присуствуваа само најблиските членови на семејството.