ВИДЕО | Апокалиптични сцени од Шпанија – невремето носи се пред себе: Автомобилите за момент претворени во ‘чамци’, а луѓето бараат помош насекаде – погледнете!

Силното невреме кое ја зафати областа Зарагоса во Шпанија предизвика големи поплави на улиците. За нешто помалку од еден час во некои делови од градот наврнале 54 литри дожд на метар квадратен, додека за време на најсилниот дожд за само 10 минути наврнале дури 20 литри.

Десетици затрупани возачи вчера мораа да бидат спасени од пожарникари или дури и нуркачки тимови, откако едвај ја преживеале силата на водата што се движела до покривот на нивните возила, пишува El Pais.

Драматичните снимки покажуваат луѓе како се држат за покривите на автомобилите додека поројот ги носи автомобилите.