ВИДЕО | “АЈДЕ ЈАНО“ СЕ СВИРЕШЕ СРЕДЕ МЕЛБУРН – Србите направија вистинско лудило во Австралија пред почетокот на првиот Грен Слем турнир: Народни носии, тапани и харомники…

Се ближи почетокот на првиот Грен Слем турнир годинава, Австралија Опен, а Србите со нетрпение ги очекуваат новите потфати на Новак Ѓоковиќ.

Голем број Срби веќе го „опколија“ Мелбурн и парковите, како и тенискиот комплекс и на тој начин беше видена една интересна сцена која се шири на социјалните мрежи.

Имено, Новак Ѓоковиќ учествуваше на егзибициски натпревар пред почетокот на турнирот во Мелбурн, а српските навивачи се собраа порано пред тенискиот комплекс и направија вистинско шоу.

Имаше труби, хармоника и културно уметничко друштво, а во Мелбурн се свиреше и познатата народна песна „Ајде Јано“.

Погледнете како изгледало тоа во видеото подолу: