ВИДЕО | БАКА ПРАСЕ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ЏИНОВСКА ЕЛКА – Најпознатиот јутјубер на Балканот за неа платил 1.500 евра, едвај му се сместила во станот вреден два милиони евра

Најпознатиот јутјубер на овие простори, Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, на социјалните мрежи се пофали дека купил нов стан од 300 метри квадратни вреден два милиони евра. Тој ќе живее во тој стан со неговата девојка Ања Благојевиќ – попозната како Ања Бла, која сега на својот профил на социјалната мрежа ТикТок сподели како ја украсила нивната „џиновска елка“, како што таа ја нарече.

слика
Бака Прасе

Таа откри дека и биле потребни два дена да го украси дрвото. Таванот во нивниот стан е 3,3 метри, а елката е 3 метри, но кога ја ставила елката на плафон таа испаднала повисока, па Ања Бла имала проблем при красење на елката и морала да го исфрли самиот врв на елката. Во украсувањето на елката, таа имала помош од нејзината мајка и нејзиниот мачор Теди.

За елката потрошивме нешто помалку од 1.500 евра. Самата елка чинеше 900 евра, а околу 500 евра беа украси“, вели Ања Бла.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од милион пати, а според коментарите на следбениците и тие се воодушевени од елката во домот на овој познат пар.

Ања Благојевиќ и Богдан Илиќ се запознале во 2019 година и оттогаш нивната врска е бурна. Раскинувања и помирувања ги збунија обожавателите бидејќи понекогаш не беше јасно дали се заедно. Тие ја потврдија својата врска пред јавноста во април 2021 година.