ВИДЕО: Бројот на загинати во дискотеката во Доминикана се искачи на 184

Бројот на жртвите од урнатиот покрив на дискотеката во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, порасна на 184, соопштија локалните власти кои работат на расчистување на урнатините и извлекување на лицата кои биле во објектот во моментот кога среде концерт падна покривот.

„За жал, ве известуваме дека до денес имаме 184 извлечени починати лица“, рече Хуан Мануел Мендес, директор на оперативниот центар за итни случаи.

Бројот на загинати се зголеми за шеесет во споредба со претходното официјално пребројување, вчераутро (по локално време).

Во големата трагедија која ја погоди Доминикана се повредени над 150 лица.

Сè уште не е разјаснето што го предизвикало уривањето на покривот за време на концертот на пејачот Руби Перез во дискотеката „Џет Сет“ во Санто Доминго кој е исто така меѓу загинатите.