ВИДЕО | Вака Новак Ѓоковиќ ги прави најздравите палачинки: Неговиот син ги обожава, а рецептот не го знаат ниту најискусните домаќинки – погледнете!
Исхраната на Новак Ѓоковиќ се заснова на најздравите намирници, а неговата сопруга Јелена дури студирала и нутриционизам за да може да подготви најквалитетни оброци за себе и за своето семејство.
На Србинот не му е непозната идејата да ѕирка во кујната, па благодарение на социјалните мрежи го видовме еднаш како мие садови, а сега подготвува и палачинки.
Првата желба на малиот Стефан секое утро била да јаде „чинка“, па неговите родители решиле да ги подготват палачинките, но по посебен рецепт.
Основата на тестото се снегулките од киноа, а се додаваат брашно од хељда, банана, како и бадем, ориз и кокосово млеко.
„Во оваа смеса нема глутен, шеќер или млечни производи“, вели насмеаниот Новак Ѓоковиќ додека го подготвува појадокот на својот син во видеото кое кружи на социјалната мрежа Тик Ток.
За да направите палачинки од ова тесто полесно да се пржат, најдобро е да користите калап во тавче, а како тоа го прави тенисерот број еден во светот погледнете во видеото.
Според информациите на Интернет, видеото е направено кога Стефан имал само две години, па има и мала бела пудлица која подоцна ќе им биде верен придружник во животот.