ВИДЕО | ВАКА СЕ ЗАБАВУВА ВИСТИНСКИ ШАМПИОН! Новак Ѓоковиќ го украде шоуто за време на концертот на Владо Георгиев – ниту дождот и лошото време не му пречеа на тенисерот да ужива во без-временските хитови на балканскиот Стинг, погледнете!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одлично се забавувал на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови.

Српскиот ас се подготвува за продолжението на сезоната во Црна Гора, а слободното време максимално го користи за да се опушти во друштво на семејството и пријателите.

Со сопругата Јелена Ѓоковиќ во саботата вечерта присуствувале на концертот на популарниот кантавтор Владо Георгиев, а судејќи по видеата кои се појавија на социјалните мрежи, Новак Ѓоковиќ одлично се забавувал.

Новак Ѓоковиќ очекувано бил во центарот на вниманието. Публиката го поздравила со скандирања и громогласен аплауз, а за време на концертот сите погледи биле вперени во него, а не кон пејачот.

Новак Ѓоковиќ бил сместен во ВИП делот, кој бил дел од сценографијата на сцената, а нон стоп ги пеел познатите хитови на пејачот.

Кога пејачот ја отпеал песната „Лажни луѓе“, Новак Ѓоковиќ паднал во транс. Ни дождот што паѓал не успеал да му го расипе расположението. Тој скокнал од столот, го грабнал дуксерот и мавтал со него, што предизвикало воодушевување кај публиката, но исто така и на самиот пејач, кој не ја симнал насмевката од лицето кога ја забележа реакцијата на својот специјален гостин.

Погледнете како тоа изгледало: