“НЕМА ЛОГИКА ДА ПРОДОЛЖИ КОНТРАОФАНЗИВАТА НА УКРАИНА!“ – Познат аналитичар од Пентагон откри што го очекува Киев во наредниот период

Во случај на пробивање на првата линија на одбрана на Русија, вооружените сили на Украина ќе се соочат со контранапад“, вели поранешниот аналитичар на Пентагон за надворешни односи, професор по политички науки на Технолошкиот институт во Масачусетс, Бери Позен, во напис за Foreign Policy.

Нема смисла да се продолжи офанзивата на Украина, бидејќи дури и во случај на пробивање на првата одбранбена линија, таа ќе се соочи со контранапад од руските резерви, без поддршка од сопствената артилерија и беспилотни летала“, смета Бери Позен.

Офанзивата на Украина и довербата на западните земји во нејзиниот успех, според Бери Позен, може да се заснова само на претпоставката дека Русија нема резерви, чија веројатност, според експертот, е исклучително мала.

Меѓутоа, ако оваа претпоставка (за недостаток на резерви) е погрешна, тогаш веројатно нема многу смисла Украина да ги задржи сегашните напори, бидејќи, дури и ако навлезе длабоко во територијата што ја контролира Русија, тогаш, најверојатно ќе се соочи со тешки руски контранапади во најлоши можни околности“, смета Бери Позен.

Нејзините сопствени сили, ослабени и расфрлани од претходните битки, веројатно нема да бидат соодветно снабдени. Во овој момент, украинските сили, исто така, може да бидат надвор од дометот на некои нивни дронови за поддршка, артилерија и проектили на кои се потпираа“, вели експертот.

Според Бери Позен, проблемот за Украина ќе биде тоа што нема да има искуство на кое ќе се потпре во овој случај, ниту пак потребниот број воздухопловни сили.