ВИДЕО Вакво дивеење одамна не е видено: Русинот доживеа нервен слом, врескаше, удри во клупата, а потоа самиот се “тепаше”

Публиката во Париз беше згрозена од неговото однесување.

Италијанецот Матео Арналди приреди вистинска мала сензација откако во три сета (7-6, 6-2, 6-4) го победи шестиот носител Русинот Андреј Рубљев и со тоа го израмни својот најдобар резултат на Грен слем турнирите. Сепак, приказната на денот беше иритираниот Русин кој во текот на целиот натпревар немоќно трчаше на теренот.

Ништо не му одеше како што треба на Рубљов, а неговото незадоволство и фрустрација можеа да го видат илјадници луѓе на трибините. Русинот беше на работ на нервен слом, постојано викаше, се расправаше со судиите, удираше по клупата, кршеше рекети, а во еден момент почна да се удира и самиот.

Публиката беше згрозена од неговото однесување, а како тоа изгледаше можете да погледнете ТУКА!