ВИДЕО | “ВЕЌЕ НЕМАМЕ ДРУГА ОПЦИЈА!“ – Главниот пропагандист на Владимир Путин ги загуби нервите: “Мораме да ги избришеме од лицето на Земјата“

Владимир Соловјев, сојузник и главен пропагандист на рускиот претседател Владимир Путин, ги коментираше извештаите дека украинските ракети го оштетиле мостот на Крим и заклучи дека Русија треба да ги „збриши“ своите непријатели со тактичко нуклеарно оружје, пишува Newsweek.

Руската Армија го окупираше Крим уште во 2014 година, а нападите врз регионот ескалираа во последните неколку месеци. Во четвртокот, руските власти објавија дека украинските воени сили го оштетиле мостот Чонхар, кој поврзува делови од руската окупирана област Херсон со анектираниот полуостров Крим.

Украинските власти официјално не ја презедоа одговорноста за нападот, но портпаролката на украинската војска, Наталија Хумениук, на националната телевизија коментираше за целите за нарушување на руската логистика.

Нападот на мостот резултираше со враќање на Владимир Соловјев на позната тема. За време на војната што започна во февруари 2022 година, тој постојано ја повикува Русија да користи тактички нуклеарни бомби од нејзиниот арсенал. Тој го наведе нападот на Крим и оштетувањето на мостот што се случи на Крим како еден од примерите зошто треба да користат такво оружје.

Новинарот на BBC, Френсис Скар, сподели преведена снимка од коментарите на Владимир Соловјев на социјалната мрежа Твитер.

Немаме друга опција. Мораме да ги избришеме од лицето на Земјата. Нивните центри за одлучување, а не украинскиот народ. Никој во нивното раководство не смее да се чувствува удобно“, рекол пропагандистот.

Тој додал дека не гледа логично објаснување зошто руските воени сили нема да одговорат со помоќно оружје со оглед на тоа што Украинците ги уништуваат нивните мостови.

Не разбирам зошто не го користиме целиот арсенал и се што имаме. Зошто измислуваме ограничувања ? Ако тактичкото нуклеарно оружје ни даде предност, можеби е време да го искористиме ?“, праша Владимир Соловјев за време на неговата емисија во живо на руските медиуми.

Американскиот Стејт департмент тврди дека Владимир Соловјев шири дезинформации од Кремљ, а на нивната веб-страница го додадоа Владимир Соловјев на листата на луѓе кои шират руска пропаганда со опис дека тој е – „можеби најенергичниот пропагандист на Кремљ“.

Во последниве месеци, тој изјави дека Русија треба да изврши нуклеарен напад врз секоја земја што се обидела да го приведе Владимир Путин поради налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд во март. Тој, исто така, постојано ја застапуваше идејата за користење на дел од нуклеарните капацитети против западните земји кои ја поддржуваат Украина.