Пропадна уште еден германски гигант: Голем шок, кризата стигна кај познат производител на автомобили, се кратат 5.500 работни места

Германската мултинационална Континентал планира да укине неколку илјади административни работни места во својот оддел за автоделови, кој се соочува со проблеми.

Бизнис весникот Менаџер Магазин, цитирајќи упатени извори, наведува дека поделбата за автомобилски дисплеи и системи за помош при возење ќе елиминира приближно 5.500 работни места ширум светот.

Ова е нешто помалку од три отсто од вкупно 200.000 вработени кои, според официјалните податоци од септември, работеле во Континентал .

САКААТ ДА ЗАШТЕДАТ МНОГУ ПАРИ

– Компанијата планира прво да ги елиминира административните работни места, а работните места во производството и развојот очигледно засега ќе бидат поштедени – се наведува во извештајот на Менаџер Магазин.

Во Германија ќе бидат укинати најмалку 1.000 работни места.

Со елиминирање на работните места, шефот на одделот, Филип фон Хиршеит, сака да заштеди околу 400 милиони долари годишно од 2025 година. Компанијата би можела да заштеди приближно половина од таа сума веќе во 2024 година.

Автомобилскиот сектор на компанијата вработува 100.000 луѓе и лани остварил обрт од 18,3 милијарди евра.

Портпаролот на компанијата одби да ги коментира гласините за отпуштање.

– Компанијата размислува за дополнителни мерки за зајакнување на конкурентноста на автомобилскиот сектор, вклучително и можни промени во административната структура, со цел да се овозможи побрзо и поагилно одлучување – рече портпаролот.

Кризата ја тресе автомобилската индустрија во Германија.

Производителот на автомобили Соно Моторс дефинитивно е пред банкрот, додека последните вработени се отпуштаат.

Групацијата Volkswagen во октомври објави дека производството на електричниот ID.3 и неговиот технолошки близнак Cupra Born, ќе биде прекината поради падот на побарувачката за двата модели.

Имаше и лоша вест дека не е пронајден нов инвеститор за фабриката Форд во Сарло.

Германските работодавци, да потсетиме, предупредуваат и дека градежната индустрија во таа земја е во голема криза и дека за две години може да исчезнат 300.000 работни места .