ВИДЕО | Викторија Бекам му поради на сопругот многу необичен поклон за Божиќ: Поради она што го доби Дејвид Бекам “горат“ социјалните мрежи, а неговата реакција е хит

Освен што има свои сандаци со пчели и мед, Дејвид Бекам отсега ќе се грижи и за кокошки.

Имено, неговата сопруга Викторија Бекам за Божиќ му подарила кокошарник и неколку кокошки. Таа го сними пензионираниот фудбалер како зачудено гледа во неговиот божиќен подарок и видеото го објави на социјалната мрежа Инстаграм, на кое се гледа како познатиот поранешен фудбалер ги храни кокошките, а овој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Што да му се подари на Дејвид Бекам за Божиќ ?“, вака Викторија Бекам се пошегува во описот на видеото и додаде смајки во вид на кокошка.

Следбениците во коментарите и напишале на модната дизајнерка дека многу ги насмеала и дека веруваат дека Дејвид Бекам е воодушевен од овој божиќен подарок.

Викторија, навистина имаш добра смисла за хумор“, „Умирам од смеа“, „Сега сите ќе почнат да си купуваат кокошки“, „Мислам дека штотуку започна нов тренд за подарување“, „Ти благодарам за ова видео ме натера да се чувствувам добро, ме насмеа“, се дел од коментарите под објавата.