ВИДЕО | ВИСТИНСКА ДРАМА – Нервозен патник без ‘влакна’ на јазикот не бирал зборови за навреди кон мало бебе: “Замолчи го тој кучкин син! Да те еба*, прекини!“ – патниците во шок и неверување
На Интернет наголемо се споделува видео-снимка од нервозен патник на летот на компанијата Southwest Airlines, кој летал од Орландо за Флорида, а кој им врескал и им викал на родителите на бебе кое неутешно плачело.
Големиот бес на возрасниот човек, а не на дете, ги оставило останатите патници во тотално чудење. Како што пишува Daily Mail, бебето непрекинато плачело 45 минути.
Неочекуваната ситуација се случила додека авионот бил во воздушниот простор во близина на Палм Бич и не можел да слета поради лошите временски услови.
Очигледно исфрустриран од плачот на детето, мажот почнал да зборува со повишен глас за тоа како ги платил билетите мислејќи дека ќе добие удобен лет, но неговите планови биле растурени со вресокот на бебето.
Видеото има повеќе од 167.000 прегледи на социјалната мрежа Тик Ток откако беше објавено претходниот ден.
Вознемирениот патник подоцна бил виден на аеродромот како е изведен од полиција, откако првично одбил да излезе од авионот по расправијата.
„Смири го детето, те молам. Јас не врескам. Сакаш да почнам јас да врескам ? Ние сме во ебана конзерва со бебе. Ова е проклета ехо комора“, кажал тој за време на плачот на бебето за време на летот.
Кога стјуардесата на авио-компанијата се обидела да ја смири ситуацијата, му кажала: „Во ред, затоа што викаш…“
Веднаш гневниот патник ја прекинал стујардесата и кажал: „И бебето плаче, не викам само јас!“.
Стујардесата се обидела да му објасни дека е поинаку бидејќи тој всушност е возрасен, но нервозниот патник дрско и одговорил:
„Дали тој кучкин син доплати за да може да вреска ? Да го ебам, замолчи го!“, извикал патникот.
„Не ми е грижа. По ѓаволите, замолчи го тоа бебе. Бесен сум, да ти го ебам бебето“, продолжил разбеснетиот патник.
Стујардесата, како и другите патници и членови на екипажот, се обиделе да го смират, но безуспешно. За време на целиот лет во позадина се слушал неутешен плач на дете.