ВИДЕО | ВИСТИНСКО ЧУДО – Човек и неговото куче преживеале три месеци изгубени во морето: Започнал авантура, но се набргу тргнало наопаку!
Маж и куче се спасени откако три месеци биле изгубени на отворено море!
Австралиецот Тим Шедок испловил од Мексико на почетокот на април со намера да отпатува за Француска Полинезија. Меѓутоа, катамаранот само по неколку недели го зафатило невреме и била оштетена електрониката. Човекот и неговото куче по име Бела завршиле на средината на Тихиот Океан и преживеале пиејќи дождовница и јадејќи сирова риба со месеци.
Неверојатната снимка од спасувањето го покажува разбушавен Тим Шедок со сива брада.
„Јас се викам Тим Шедок. Јас сум од Австралија“, едвај одговорил тој на екипажот на спасувачкиот брод додека кучето мавтало со опашката.
Тим Шедок нагласил дека риболовната опрема всушност станала негова опрема за преживување.
Тим Шедок подоцна за австралиските медиуми изјавил дека поминал низ многу тешко искушение на море.
„Ми треба само одмор и добра храна бидејќи долго време бев сам на море. Инаку сум во многу добро здравје. Добро се грижам за себе“, рекол Тим Шедок.
Високиот наредник на полицијата во Квинсленд, Ентони Мојнихан, изјавил за ABC News дека човекот не носел заштитна опрема кога сам тргнал и дека е зачудувачки што го преживеал бродоломот и успеал да остане жив.