ВИДЕО | ВЛАДИМИР ПУТИН ГО КРУНИСА “КРАЛОТ НА КОМЕДИЈАТА“ – Интернетот ‘гори’ од смешниот гест на претседателот на Русија

Рускиот стенд-ап комичар, Генадиј Хазанов, му даде интересна реплика на царска круна на претседателот на Русија, Владимир Путин, која ја носел еден од владетелите на Руската Империја на нивната средба во Кремљ. 

Генадиј Хазанов на рускиот претседател му подари подарок во форма на реплика на царската круна, а она што го направи Владимир Путин ги насмеа сите, дури и искусниот комичар.

Претседателот на Русија не ја проба круната, туку му ја стави на главата на Генадиј Хазанов, со што го „круниса“ за „крал на комедијата“, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Оваа видео-снимка го обиколува интернетот, а луѓето немилосрдно смислуваат наслови за видеото, секој покреативен од претходниот.