Израелската војска соопшти дека уништила околу 400 тунели во Појасот Газа

 Израелската армија соопшти дека уништила околу 400 тунели на палестинската исламистичка група Хамас од почетокот на конфликтот во Појасот Газа, јави ДПА.

Многу од тунелите во Појасот Газа се под болници, училишта и куќи, соопшти војската.

Според информациите на Израел, во Појасот Газа има мрежа од подземни тунели. Крајбрежјето е долго околу 45 километри и широко помеѓу 4 и 16 километри и е дом на околу 2,2 милиони луѓе.

Некои од тунелите се засилени со бетон и имаат струја. Нивната просечна висина е околу 2 метри, а ширина – еден метар, но некои од нив се доволно големи за да поминуваат возила. За да не бидат погодени од израелски воздушни напади, некои од нив се на длабочина од десетици метри под земја. Израел тврди дека многу од влезовите во тунелите се во станбени згради и џамии.

Израелската армија објави дека открила тунел на Хамас на територијата на болницата Ал Шифа во градот Газа. Во текот на викендот стана јасно дека окното откриено таму води до тунел долг околу 55 метри на длабочина од околу 10 метри, наведува ДПА