ВИДЕО | Владимир Путин пристигнал во (не)најавена посета на воениот штаб: Среде ноќ претседателот на Русија остварил средба со воените лидери !?

Претседателот на Русија, Владимир Путин, претходната вечер ненадејно го посетил штабот на Јужниот воен округ во Ростов-на-Дон, јавуваат руските медиуми.

По официјалната посета на Астана, Владимир Путин полета за Ростов, каде го посети штабот на Јужниот воен округ“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Владимир Путин во штабот го пречекале министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, а видео снимката од неговата посета можете да ја погледнете ОВДЕ.

Претседателот на Русија се запозна со новите модели на воена опрема и ги слушна извештаите за напредокот на специјалната операција“, додава Димитриј Песков.

Владимир Путин редовно го посетува штабот на воената група која учествува во т.н. „специјална воена операција“ во Украина, каде одржува состаноци и се среќава со командата.