ВИДЕО | ВОДАТА СЕ ПОВЛЕЧЕ И ОТКРИ МИСТЕРИОЗНИ ДУПКИ – Експертите откриваат што значат овие мини “вулкани“ на плажа: “Не е добра идеја да го допирате ова!“
На плажа во Тексас, САД, осамнаа невообичаени минијатурни могили што личат на некој вид на мали вулкани.
Официјалните лица велат дека внатре нема лава, но да го заглавите прстот во нив не е добра идеја. Овие „вулкани“ се направени од ракчиња во областа Квинтана Бич, а на социјалните мрежи кружи снимка од овие мистериозни дупки. Видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
Скриени од погледот во секоја подземна „колиба“ веројатно демне еден вид ракчиња опремени со канџи и проѕирна школка. Ракчиња попознати како духови се суштества со големина од само десет сантиметри, но тие можат да ископаат дупка длабока и до четири метри.
Овие дупки служат како дом на ракчињата, но се важни и поради начинот на кој се хранат, велат експертите.