Возачот кој го однел Палчо во Турција ја негира вината
Стефан Димковски, кој го превезувал Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на прашање од „Скопје1“. Тој беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка до Кривичниот суд.
Видеото може да го погледнете ТУКА
„Јас го возев на болница“, изјави Димовски кој негира било какво помагање на осомничениот Палчо кој според истрагата го организирал и реализирал убиството.
Димковски го возел Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.