ВИДЕО | ВОЗНЕМИРУВАЧКА СООДРЖИНА – Пијана мајка го испушта детето среде улица и веднаш го прегазува огромен камион

Камион прегази едно-годишно девојче кое претходно побегнало од рацете на својата пијана мајка.

Украинската полиција објави видео од страшна сообраќајна несреќа што се случила во градот Јасиње во областа Закарпатија.

На снимката се гледа како жена (32 г.) носи дете во раце, а потоа го спушта и клекнува до него. Девојчето стои во место, но неколку секунди подоцна, одеднаш, зад мајка си, тргнува кон улицата, а тој вознемирувачки момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Жената ја забележува опасноста што му се заканува на детето, но ја губи рамнотежата додека се обидува да стане и паѓа.

Детето истрчало на патот каде веднаш го удрил камион. Таа била итно хоспитализирана, но починала на интензивна нега.

Се испоставило дека возачот (57 г.) бил присебен, но сепак е испратен во истражен затвор.

Мајката на починатото девојче имала 1,7 промили алкохол во крвта. За небрежност и се заканува затворска казна до пет години.