ВИДЕО | Володимир Зеленски им се закани на Русите: “Сигурен сум дека нашите војници ќе и одговорат на Русија за овој терористички напад на Чернихив!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утрово изјави дека Киев ќе возврати на рускиот напад врз градот Чернихив, во кој загинаа седум лица.

Во вчерашното гранатирање на центарот на градот лоциран на северот на Украина во близина на границата со Белорусија, меѓу загинатите е едно дете, а повредени се 144 лица.

Сигурен сум дека нашите војници ќе и дадат одговор на Русија за овој терористички напад, значаен одговор“, изјави украинскиот претседател, пренесува весникот The Guardian.

Министерот за внатрешни работи на Украина, Ихор Клименко, соопшти дека повеќето од жртвите биле во возила, а дел од нив се враќале од црква, кога се случил нападот.