ВИДЕО | “ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ, СИНОТ И…“ – Погледнете што направи Џо Бајден додека зборуваше со премиерот на Израел-
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, ненадејно се прекрсти во средата за време на средбата еден на еден со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
„Ние сме пријатели, проверив, повеќе од 40 години“, порача Бенјамин Нетанјаху, што го натера Џо Бајден да се прекрсти во можна шега за неговата возраст.
80-годишниот Џо Бајден, католик, направи впечатлив гест со раката – со десната рака го допре по челото, стомакот и пределот на левата и десната страна на градите – додека еврејскиот лидер почна да зборуваат, детално „дисецирајќи го“ гестот на Џо Бајден, според NewYork Post.
Сепак, американскиот претседател не ја објасни својата постапка, а Белата куќа не одговори на барањето за коментар од странските медиуми.