ВИДЕО | ВО ОВАА ЕВРОПА ЗЕМЈА ИМА СНЕГ И ПРЕКУ КРОВОВИТЕ НА КУЌИТЕ – Драматични снимки се шират на Интернет: Луѓето не можат да излезат од вратата, па скокаат од прозорец!

Температурите во северна Европа паднаа под -40 степени Целзиусови за првпат од 2021 година, соопшти во вторникот шведскиот метеоролошки институт SMHI. Областа со висок притисок во моментов носи екстремно студен воздух во североисточна Шведска и северна Финска.

На социјалната мрежа Тик Ток се споделуваат видеа од Норвешка од луѓе кои се „борат“ со снегот. Голем број граѓани не можат да ги отворат вратите од своите домови поради снегот кој падна речиси до покривите од нивните куќи. Тие скокаат од прозорците во снегот. И нивните автомобили се закопани. Дел од видео-снимките споделени на социјалните мрежи можете да погледнете ОВДЕ.

Низ целата земја се забележани температури меѓу -20 и -30 степени, објави во вторник метеоролошкиот институт на Финска. Во делови од централна и северна Финска се предвидува пад на температурата до -40 во следните неколку дена. 

Колку вода ќе има кога ќе почне да се топи“, напишаа Норвежаните во коментарите на социјалната мрежа Тик Ток.