ВИДЕО | ВО СТИЛ НА НАЈГОЛЕМИТЕ АМАТЕРИ – Лука Модриќ се посрамоти како никогаш претходно во кариерата – Хрватот сакаше да го понижи противникот, но неговиот потег го чинеше Реал Мадрид многу

Искусниот Лука Модриќ ретко греши на фудбалскиот терен и навикнати сме на спектакуларни потези под негова режија, но синоќа хрватскиот ас се посрамоти на момент.

Јувентус во пријателскиот натпревар со Реал Мадрид успеа да поведе во 48. секунда, по кардиналната грешка на Лука Модриќ.

Имено, искусниот фудбалер за врска ја подаде топката на Винисиус Јуниор во опасната зона, но неговото додавање беше пресретнато, а во продолжението на акцијата Јувентус го казни „Кралскиот клуб“ за аматерската грешка со гол.

На крајот Јувентус победи со 3:1.