ВИДЕО | ВО ЦЕНТАР – Политичка анализа: Војната помеѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски беше најавена уште пред осум месеци !?

Војната на социјалната мрежа Фејсбук која се води помеѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски дефинитивно е топ тема во македонската јавност.

Во изминатите неколку дена сме сведоци на јавни преписки помеѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелното раководство на партијата на чело со Христијан Мицкоски, а се започна со фамозното интервју на лидерот на опозицијата за еден од најугледните германски медиуми.

Христијан Мицкоски и Никола Груевски

Имено во тоа интервју, Христијан Мицкоски, јавно го обвини својот „ментор“ за т.н. „валкан дил“ со власта предводена од СДСМ, а целта на тој договор е наводно негово враќање од Будимпешта во Македонија и создавање услови за гласање на уставните измени.

Токму ова беше темата на вонредната политича анализа на емисијата „ВО ЦЕНТАР“, во која претходната вечер новинарот Васко Ефотв се обиде да даде одговор на најпикантните прашања поврзани со овој конфликт.

КАКО И ЗОШТО ЗАПОЧНА ВОЈНАТА МЕЃУ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ И НИКОЛА ГРУЕВСКИ ?

Македонската јавност наголемо се прашува зошто е отворен конфликтот или зошто токму сега започнува оваа јавна расправија.

Војната помеѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски не започна сега. Најавата за оваа ескалација е веќе позната најмалку осум месеци претходно. Крајот на минатата година, анкетата на ИРИ, агенција која не мери јавно мислење туку создава јавно мислење, не само во Македонија туку ширум светот, се појави токму името на Никола Груевски, а тоа се случи за прв пат после пет години што беше „изненадување“ за многумина.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – С23Е02: Кој ќе јаде гулаш во ВМРО-ДПМНЕ ? – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #Makedonija #tiktokmacedonia #VMRO #VMRODPMNE #NikolaGruevski #Gruevski #HristijanMickoski #Balkan #balkantiktok

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Во оваа анкета, не само што се најде името на екс-премиерот, туку води на таа анкета пред сите активни политички чинители во државата во овој момент, кога станува збор за рејтинзите на македонските политичари.

Токму на овој начин, ИРИ креира јавно мислење и предвидува дека ќе дојде до конфликт помеѓу власта и опозицијата и дека ќе дојде до блокада на уставните измени, но и дека е можен јавен конфликт помеѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Целата вонредна политича анализа на новинарот Васко Ефтов можете да ја погледнете овде.