ВИДЕО | ВУЛКАНОТ КОЈ УНИШТИ 700 ДОМОВИ ПОВТОРНО СЕ АКТИВИРАШЕ – Исфрла лава во височина повеќе од 150 метри
Килауеа, најактивниот вулкан на Хаваите, повторно почна да еруптира.
Според надлежните и информациите од американските медиуми, засега нема опасност за жителите.
Во неделата попладне, вулканот почнал да исфрла лава над сто и педесет метри во воздухот.
Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот и ова е трет пат за два месеци да исфрла лава.
Во јуни неколку недели исфрлаше лава, исто така без опасност за локалното население.
Потоа многу љубопитни луѓе се собраа во Националниот парк на островот, каде што имаа безбеден поглед на ерупцијата.
Сепак, ерупцијата на Килауеа во 2018 година уништи повеќе од 700 домови.