ВИДЕО | ГАФОВИТЕ НА ЏО БАЈДЕН НЕМААТ КРАЈ – Претседателот на САД се загуби на сцената во ОН и видно го изнервира претседателот на Бразил: “Ме слушаш ли !?“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден (80 г.), залута од сцената на Обединетите нации без да се ракува со претседателот на Бразил, Луис Иначи Лула да Силва, откако двајцата претседатели зборуваа заедно.

Луис Иначи Лула да Силва (77 г.) беше видно изиритиран откако разговараше со претседателот на САД за напорите за подобрување на правата на работниците во двете земји.

Дипломатската средба уште на самиот почеток ја одбележаа потешкотии затоа што Џо Бајден, излегувајќи на сцената, најпрво се „заби“ во бразилското знаме, а на крајот, излегувајќи од сцената, заборави да се ракува со својот бразилски колега.

Џо Бајден одржа малку неврзан говор за економска визија според која економијата треба да се гради од средината нагоре наместо од дното нагоре, а не од врвот надолу, додека Луис Иначи Лула да Силва гледаше и слушаше зачудено.

слика
Џо Бајден и Луис Иначи Лула да Силва

Додека претседателот на Бразил зборуваше, Џо Бајден си „играше“ со слушалките преку кои го слушаше преводот на говорот на Луис Иначи Лула да Силва.

Можете ли да ме слушнете, претседателе Џо Бајден ? Ова е историски момент за Бразил и за САД“, кажал Луис Иначи Лула да Силва на почетокот на своето излагање.

Претседателе Џо Бајден, дали ме слушаш ?“, прашал повторно иритираниот Луис Иначи Лула да Силва.

Потоа, на двајцата претседатели на сцената им се придружи и генералниот директор на Меѓународната организација на трудотГилберт Хонгбо, а кога завршија презентациите, Џо Бајден се ракуваше само со него, а го заборави и бразилскиот претседател.

Луис Иначи Лула да Силва замавна со раката кон сите и се оддалечи од бината, а видео-снимката од тој момент можете да ја погледнете ОВДЕ.