ВИДЕО | Годините за него се само број! Златан Ибрахимовиќ е вистинско чудо – погледнете како останува во топ-форма и по пензионирањето!
Златан Ибрахимовиќ (41 г.) и по завршувањето на кариерата не се откажува од напорните тренинзи и активно ја одржува физичката подготвеност, а за каков „ѕвер“ станува збор најдобро покажува видеото кое го објави на социјалните мрежи.
Златан Ибрахимовиќ направи „стој на раце“, односно серија склекови на две раце, кои ја потврдија неговата неверојатна физичка сила и рамнотежа и покрај неговата возраст.
Златан Ибрахимовиќ е голем вљубеник во боречките вештини, кои некогаш ги тренирал, па затоа неговата импресивна сила и флексибилност не треба да изненадуваат.
Уште пред 25 години стана сопственик на црн појас во теквондо, што, како што вели, многу му помогнало во постигнувањето на некои спектакуларни цели во неговата блескава кариера.
Да потсетиме, Златан Ибрахимовиќ се прости од фудбалот по последниот натпревар од италијанската Серија А сезона помеѓу Милан и Верона.