ВИДЕО | ГОЛЕМ ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМИОТ ЗАБАВЕН ПАРК ВО ГЕРМАНИЈА – Со голема брзина се шири густ црн чад, а луѓето остануваат ‘заробени’ на тобоганите – погледнете!

Пожар избувна во најголемиот забавен (тематски) парк во Германија.

Како што објавија тамошните медиуми, огнената стихија е од големи размери.

Голем густ чад може да се види како излегува. Станува збор за тематскиот парк „Европа“. Од полицијата за германските медиуми потврдиле дека имало пожар, но причините не се познати.

Од повеќе правци пристигнуваат повеќе противпожарни возила. Испратени се и возила на итната помош, а над паркот кружи хеликоптер, пишува весникот Badische Zeitung.

Некои очевидци тврдат дека слушнале звук од експлозија. Како што изјавија некои за 24min.ch, пристапот до шпанскиот дел од паркот е затворен.

Луѓето останаа заглавени дури и на тобоганот“, рекол еден од присутните за локалните медиуми.