Пожарите во Шпанија и Португалија изгореа илјадници хектари шума за време на викендот. Најлошо беше на западот на Португалија, каде до недела наутро беа уништени 6,2 илјади хектари, а шест лица се повредени, соопштија португалските власти.
Неколку села се евакуирани, а во други е воведен полициски час, пишува агенцијата ДПА.
Со пожарот се борат 1100 пожарникари и 11 хеликоптери и канардови. Пожарот гори од петокот во областите Кастело Бранко и Проенса-а-Нова.
Портпаролот на цивилната заштита Ходи Рато изјави за новинарите дека з ставањето на пожарот под контрола најверојатно ќе требаат неколку дена.
Покрај тоа, пожари горат и на неколку други локации во Португалија.
Во Шпанија, властите во саботата вечерта објавија дека најмногу успеале да го задушат пожарот во близина на Портбу, во североисточна Каталонија, недалеку од границата со Франција. Таму изгореа 573 хектари.
Уште еден шумски пожар гори во Хуелва, Андалузија, но тој е „стабилизиран“ во неделата, соопштија регионалните власти.