ВИДЕО | ‘ГОТВАЧОТ’ СЕ ЈАВИ – НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! Евгениј Пригожин за прв пат по бунтот објави снимка и навести каде се наоѓа: “Температурата е +50 – се е како што сакаме!“

Основачот и водач на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, во понеделникот го објави своето прво видео обраќање по краткото „востание“ (бунт) на крајот од месец јуни, појавувајќи се во видео најверојатно снимено во Африка, кое тој го објави на социјалната мрежа Телеграма на профил поврзан со групата Вагнер.

Евгениј Пригожин можеше да се види како стои во пустинска област во маскирна униформа со пушка во рацете, а оддалеку може да се видат вооружени луѓе и пикап.

Иако медиумската агенција Reuters не можеше да го лоцира или потврди датумот на видеото, коментарите на Евгениј Пригожин и некои објави на профилите на про-Вагнер навестија дека тоа е снимено во Африка.

Температурата е +50 – сè е како што сакаме. Вагнер ја прави Русија уште поголема на сите континенти, а Африка – послободна. Правдата и среќата – за африканските луѓе, им го отежнуваме животот на ИСИС и Ал Каеда и другите бандити“, вели Евгениј Пригожин со видеото.

Тој потоа вели дека Вагнер регрутира луѓе и дека групата ќе ги исполни поставените задачи. Со видеото е објавен и телефонски број за оние кои сакаат да се приклучат на групата.

Иднината на Вагнер и Евгениј Пригожин е нејасна откако тој организираше краток бунт против рускиот одбранбен естаблишмент кон крајот на јуни, а Кремљ соопшти дека тој и некои други борци кои се бореле во некои од најтешките битки во Украина ќе заминат во Белорусија.

Од бунтот, некои борци на групата Вагнер се преселиле во Белорусија и почнале да ја обучуваат Армијата на Александар Лукашенко. Во коментарите објавени кон крајот на јули, Евгениј Пригожин, исто така, кажа дека Вагнер е подготвен дополнително да го зголеми своето присуство во Африка.