ВИДЕО | Го покажа своето влакнесто тело и предизвика епска дебата на социјалните мрежи – девојка мета на навреди поради нејзиниот изглед: “Јас сум многу женствена!“

Инфлуенсерката Спенсер Барбоса се прослави на Интернет благодарение на тоа што го покажа својот влакнест грб. Девојка која го троши своето време разбивајќи ги митовите за женското влакнесто тело стана многу популарна на социјалната мрежа Тик Ток на која има над 8,7 милиони следбеници и над 500 милиони допаѓања. Оваа девојка, всушност, гордо го покажува своето влакнесто тело и не се срами од тоа, но некогаш добива и некои подли коментари.

Девојките не треба да имаат влакна во грбот“, искоментирал еден корисник на социјалната мрежа под едно од нејзините многу видеа.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ДЕВОЈКАТА ОВДЕ.

Додека 20-годишната девојка го открива нејзиното уникатно тело, таа се сврте и кажа дека не и е грижа што мислат другите за нејзе. Во друга објава, Спенсер открива дека никогаш нема да ги отстране влакната на телото. После тоа добила коментар дека влакната на телото не се женствени.

Гледајќи шокирана во камерата, Спенсер потоа ја покажа „косата“ на грбот и рацете – што очигледно не ја направи помалку женствена. „Јас сум женствена“, напишала таа, додавајќи на објавата: „Никогаш нема да престанам да ја објавувам женственост. А вие што коментирате дека е грдо, искомплексирани сте и никогаш не сте се прифатиле“.

Видеата оттогаш станаа вирални со преку 73 милиони прегледи и 8 милиони допаѓања. Многумина ја пофалија девојката што е искрена за влакната на телото, додека други и се заблагодарија што им покажа дека тоа е сосема нормално.