“ЖИВЕЕВ ВО ГОЛЕМА ЗАБЛУДА!“ – Дедо се опијанил и ја открил најголемата семејна тајна: “Отидов на погребот кај чичко ми и дознав дека целиот мој живот е лага…“

Пред седум години, еден човек заминал во друга земја за погребот на неговиот чичко и се вратил дома со сознание дека тој е всушност неговиот биолошки татко, иако технички и законски тој имал друг татко.

Во Северна Каролина, САД, ако жената забремени од било кого и се омажи со различна личност, нејзиниот сопруг влегува во матичната книга на родените како татко – барем така гласел законот кога се родил Демијан, пишува The Sun. Но, како што вели тој, сигурен е дека тоа не било тогаш така.

Мајка ми беше во брак со мојот ‘чичко’ кога се родив, иако повеќе не беа заедно. Беа разделени некое време и таа живееше и беше во врска со мојот ‘татко’, неговиот брат. Бидејќи таа сè уште беше легално во брак со Џон, мојот ‘чичко’, по закон неговото име беше на мојот извод од матична книга на родените“, се присетува американецот Демијан Делун.

Кога ја прашал мајка си зошто името на Џон е наведено како негов татко, таа само промрмола нешто и не го дала одговорот. Никогаш не му била кажана вистината до денот кога Џон починал, пишува The Sun.

Дедо ми малку се опијани ноќта кога бдееше и ми ја кажа вистината. Поминаа седум години и сè уште размислувам дали мојот живот ќе беше поинаков ако пораснев знаејќи кој е мојот вистински татко и дали работите ќе се сменија ако ми се дадеше шанса да го запознаам како татко наместо да го гледам него како чичко. Искрено, веројатно не. Поминав приближно исто време со него како и со татко ми, и тој со мене не се однесуваше поинаку отколку со своите биолошки деца. Иако бев и негово биолошко дете“, раскажал Демијан.

Неговиот дедо му рекол дека Џон знаел дека е негов татко, но тој тоа го задржал за себе.

Демијан е благодарен за времето што го поминал со Џон, дури и без да знае кој е тој навистина, бидејќи тие моменти не биле изложени на Френк, „лажниот татко“, и неговото злоставување.