ВИДЕО | ВИСТИНСКИ ХИТ – Познатиот ММА борец во жестока пресметка со голема мечка! Дивиот ‘ѕвер’ победи во шокантната битка во шума

Искусниот ММА борец, Јасуби Еномото (39 г.), имаше застрашувачки спаринг партнер на за време на неговиот тренинг на отворено.

Популарниот „швајцарски самурај“, како дел од подготовките за мечот против Александар Шелменко во Москва, имаше квалитетна спаринг пресметка со мечка во шума!

Јасуби Еномото признал дека мечката ја добила борбата, но сите поминале без повреда.

Го имав најсилниот тренинг партнер. Победи со 2:1. Том ме подготвува за борбата во Москва“, изјавил по тренингот.

Видеото од оваа необична борба брзо стана вирален хит, а храбриот ММА борец по борбата со мечката доби нова армија обожаватели.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОВДЕ.