Хорор во Хрватска: Маж упаднал во куќата на соседот и со пушка застрелал жена! Полицијата апелира граѓаните да не излегуваат

Маж со пушка утрово околу 10 часот во Велика Горица убил жена и побегнал!

На терен има голем број полицајци кои трагаат по него.

– Комшивката истрча кај нас дома и извика „помош“. Се слушна нешто како петарда. Таа втрча внатре, а тој ја застрела. Брзо ја одвлеков мајка ми горе за да не нè убие и нас – изјави за Јутарњи лист сведокот во чија куќа влегле жртвата и напаѓачот.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Тој наведува дека имало многу крв, но дека не биле сигурни дали жената е мртва.

Очевидци јавуваат дека во областа се слушаат истрели. Полицијата им порача на граѓаните да не излегуваат од домовите.