Влошена здравствената состојба на Бора Чорба: Концертот откажан, ова се деталите

Концертот на бендот „Рибља чорба”, кој требаше да се одржи на 30 декември во 20 часот во Трг Краља Милана во Ниш, е откажан, потврдија организаторите.

Причината за тоа, според претставниците на бендот, е лошата здравствена состојба на фронтменот на бендот Борисав Ѓорѓевиќ.

Претставниците на бендот на социјалните мрежи објавија дека лекарите му забраниле на Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тежок грип и проблеми со хронична, опструктивна болест на белите дробови.

Откажан концертот на Бора Ѓорѓевиќ

– И’ се извинуваме на публиката што нема да можеме заедно да ја дочекаме Новата година во Ниш и Бор. Лекарите на Бори му забраниле да патува и да се напрега бидејќи има грип како и проблеми со хронична опструктивна белодробна болест. Секако како и секогаш ќе ги победиме болестите и штом Бора се опорави еве сме на нови собири. Им се извинуваме на организаторите, како и на сите на кои им ги уништивме плановите. Ве сакаме, среќна Нова година – се наведува во соопштението на бендот.

Центарот за култура во Ниш, кој е задолжен за организирање на новогодишните концерти, работи на тоа на новогодишната ноќ да има уште еден изведувач. Постои можност тоа да биде „Ван Гог“, пренесува „Зона плус“.