ВИДЕО | ДАЛИ Е МОЖНО ДА СЕ СЛУЧИ ОВА СРЕДЕ НАТПРЕВАР !? Русинот се шокираше кога погледна што се случува на трибините, а потоа следеше бизарно барање

Рускиот тенисер Андреј Рубљев доживеа бизарна ситуација на натпреварот против Адријан Манарин.

Андреј Рубљев победи во два сета игра во осминафиналето на Мастерсот во Шангај, а една сцена од тој натпревар стана вирална на социјалните мрежи.

Додека Русинот се подготвуваше да сервира во првиот сет, од трибините се слушна „врева“. Андреј Рубљев веднаш се свртел кон навивачот и останал шокиран од тоа што го видел, како и останатите гледачи кога ги слушнале зборовите на судијата кој го опоменал навивачот.

Може ли да престанете да јадете“, му рекол судијата на навивачот во публиката.

Камерите брзо го забележаа „некултурниот“ навивач, а кога беше прикажан одблиску, беше забележан како се обидува да џвака нешто, а тој момент можете да ја погледнете ОВДЕ.

Во осминафиналето Андреј Рубљев ќе игра против Американецот, Томи Пол.