ВИДЕО | ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е “ЦРН МРАЗ“ ? Ова ја парализираше Германија, пожарникарите прогласија вонредна состојба, а десетици луѓе се повредени

Во четвртокот вечерта во неколку германски сојузни покраини се случија бројни сообраќајни несреќи, а за сите виновен е т.н. „црн мраз“. Тоа е тенок замрзнат слој на асфалтот кој се формира по замрзнат дожд или топење на снег на ниски температури. Најчесто е присутен во раните утрински часови и во ноќните часови, кога на патиштата има најмалку возила.

Жителите преку апликацијата за предупредување добиле известување во кое се повикува на внимателност поради појавата на црн мраз.

Весникот Bild ги предупредува жителите на Германија да возат внимателно:

Црниот мраз ги претвора патиштата во писти опасни по живот. Прво мраз, па опасна магла“, се вели во написот на весникот.

Најопасно било во северниот и источниот дел на Германија. Една возачка (41 г.) која се движела во правец на Столберг се лизнала по мразот со своето возило марка BMW на кое било закачено и приколка. Автомобилот без кочење удрил во семафор и се превртел. Дрвените палети кои биле во приколката биле расфрлани на коловозот, па морале да го затворат патот неколку часа.

Според податоците на германската метеоролошка служба, температурите на северот на земјата во петокот наутро се спуштиле до -5 Целзиусови степени, а официјалното предупредување за црн мраз во Берлин важело до 10 часот. На луѓето им се препорачува да останат дома доколку е можно.

слика
Замрзната реката Рајна во Дизелдорф

Во Берлин пожарникарите прогласија вонредна состојба бидејќи сите нивни возила се во употреба. Само во четвртокот попладнето поради падови биле повредени над 50 лица. Само во областа Даме-Шпревалд во Бранденбург од 16 часот се случиле 12 сообраќајни несреќи.

Во јужниот дел на Германија полека станува се поладно. Германската метеоролошка служба очекува локални температури меѓу -4 и -9 °C. Во околината на Алпите и на планините и до -13 степени. Не само што ќе биде студено на север и исток, туку и возачите се во опасност поради лизгавите коловози.

Опасноста од црн мраз се враќа во сабота навечер. Возачите на север мора да бидат крајно внимателни, бидејќи на северозапад во подножјето на Алпите има густа магла на места со видливост помала од 150 метри.