ВИДЕО | “ДАЛИ НЕКОЈ СЕ ШЕГУВА СО НАС !?“ – Снимка од тренинг на српски војници го обиколува светот, погледнете што прават: “Што е ова, Монти Пајтон ?!“
Прилог од една од најгледаните телевизии во регионот, TV Pink, стана неочекуван хит на социјалните мрежи.
Имено, репортер во живо зборувал од полигонот на српската специјална единица Кобра, додека специјалците во маскирни униформи и фантомки на лицата биле зад него и изведувале вежба која повеќе наликувала на пого – вид на танц кој се изведува на панк концерти – отколку воена обука т.е. вежба.
Сосема сериозен, веројатно несвесен за тоа како изгледа сцената зад него, репортерот опишуваше секакви обуки низ кои поминуваат припадниците на специјалната единица. Додека тој зборуваше, специјалците зад него се маваа едни со други со раце и некакви стапови.
И како тоа да не беше доволно, името на ТВ-шоуто беше „Supercellular silence“.
Не требаше долго да реагираат социјалните мрежи, а многумина го споделуваат видеото кое стана вистински хит. Еве неколку коментари:
„Што е ова, Монти Пајтон ?“, „Како во минатото на Академијата, кога панкерите ставаат некого во круг и се слуша бучава од нозете, тие ги користат рацете“, „Многу се смеам на видеото, а уште повеќе на насловот“, „Дали некој се шегува ?“…