ВИДЕО | Дали ова е уште една голема бламажа на ‘готвачот’ !? Русите залудно ја прославуваат победата во Бахмут – Украина објави: “Нашите сили се се уште на терен, се бориме!“
Заменик-шефот на Министерството за одбрана на Украина, Ана Малиар, ги демантираше изјавите на првиот човек на Вагнер, Евгениј Пригожин дека руските сили денеска го освоиле градот Бахмут.
Ана Малиар тврди дека борбите се уште траат во Бахмут и дека украинските сили ја држат одбранбена линија во близина на т.н. катна зграда „Авион“.
„Нашите единици контролираат одредени индустриски и инфраструктурни капацитети во областа“, напиша таа во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Украинската војска, исто така, негираше дека руската приватна воена единица Вагнер презела целосна контрола врз разурнатиот источен град Бахмут и соопшти дека нејзините војници продолжуваат да се борат.
„Ова не е вистина. Нашите единици се борат во Бахмут“, изјави портпаролот на армијата Серхиј Череватии за медиумската агенција Reuters.
Евгениј Пригожин, да потсетиме, денес објави дека неговите сили го контролираат целиот Бахмут и го развеа руското знаме со денешниот датум на улиците на уништениот град, а воедно и му се заблагодари за довербата и укажаната чест да ја „брани“ татковината на Владимир Путин.