ВИДЕО | ДАЛИ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ МОЖЕ ДА ЈА ОДВЕДЕ МАКЕДОНИЈА ВО БЕЗБЕДНОСЕН ПРОБЛЕМ ? Што значи не гласањето за промена на Уставот на државата !?

Во недела, по летната пауза од неполни два месеци, започна 23. сезона на емисијата „ВО ЦЕНТАР“.

Едно од најчестите прашања на кое македонската јавност го бара одговорот е тоа – дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за промената на Уставот на Република Македонија односно за фамозните уставни измени. Токму на оваа тема, во првата емисија од новата 23. сезона, новинарот Васко Ефтов во политича анализа го дава одговорот на ова, но и на уште многу други пикантни прашања кои во моментот се актуелни во нашата држава.

Христијан Мицкоски

ДАЛИ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ?

Ова не е прашање на политика, прашање на математика или нешто слично. Овде не станува збор за тоа дали некој ќе успее да обезбеди седум или осум пратеници за успешно гласање во Собранието, ова е прашање на безбедносен ризик.

Секогаш кога ова прашање се третира како прашање на математика односно дали некој ќе гласа или дали ќе се обезбедат 80 или повеќе од 80 пратеници, а не се третира како безбедносен ризик, безбедносен ризик да се смени т.е. да се видоизмени траекторијата на движење на Република Македонија е лоша проценка.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – С23Е01: Дали Христијан Мицкоски ќе гласа за уставните измени !? – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #Makedonija #tiktokmacedonia #VMRO #VMRODPMNE #HristijanMickoski

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Како што вели во политичката анализа новинарот Васко Ефтов, гласањето за уставните измени е класичен безбедносен проблем со кој се соочува Република Македонија. Доколку ова прашање не биде третирано како безбедносен проблем, тогаш драматично се добива лоша проценка за ситуацијата во државата.

ЗОШТО ОВА ПРАШАЊЕ ПРЕТСТАВУВА БЕЗБЕДНОСЕН ПРОБЛЕМ ЗА МАКЕДОНИЈА ?

За прв пат во македонската историја, нас ни се случува главната опозициска партија односно ВМРО-ДПМНЕ или некоја силна македонска структура поддржана од гласачите на опозицијата, но и еден поширок дел на македонските гласачи, кои изминатите 30 години се незадоволни од домашните случувања и однесувањето на меѓународната заедница, смета дека се сега нивните „пет минути“ да им кажат „НЕ“ на таа меѓународна заедница и нивната непринцепиелна политика.

За да го добиете целосниот одговор на ова прашање, но и многу останати, погледнете ја првата емисија од новата сезона на емисијата „ВО ЦЕНТАР“.