ВИДЕО | Девојка на работа патува со авион, поевтино ѝ е отколку да изнајми стан

21-годишна девојка од Јужна Каролина патува на работа со авион затоа што ѝ е поевтино отколку да плаќа кирија, пренесуваат американски медиуми.

Софија Селентано, практикант во Ogilvy Health, сподели видео на TikTok во кое раскажува како еднаш неделно патува 4 и пол часа со авион од Јужна Каролина до Њу Џерси за својата летна пракса, што трае 10 недели.

Имено, од неа се бара еднаш неделно да работи во канцеларија, а Софија на најчестото прашање на љубопитните луѓе одговара дека патувањето со авион ѝ е навистина поисплатливо од опцијата за изнајмување стан во Њу Џерси и дека на овој начин таа успева да заштеди значителна сума пари.

Софија работи хибриден распоред, работи од далечина 4 дена во неделата, а во среда треба да се појави во канцеларија.

„Не ми изгледаше исплатливо да изнајмувам скап стан во близина на канцеларијата ако треба да бидам таму само 8 часа неделно“, рече таа.

@sophiacelentano48 hopefully this clears any confusion if you’re new to my page🫶 #foryou #fyp #supercommuter #commutingintern #takingaplanetowork #corporateintern ♬ original sound – Sophia Celentano

Тиктокерката раскажа како изгледа нејзиниот ден кога патува на работа со авион. Се буди околу 4 часот наутро, а по неколку совети од колешка, сфатила дека ѝ е попрактично да се шминка во авионот за да спие неколку минути повеќе.

„Патувањето до канцеларија трае околу 45 минути, па стигнувам во 9 часот наутро“, објасни таа и во коментарите откри дека летовите ги плаќа од својата плата.